Македонските репрезентативци одлетаа за Словачка

Македонија

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација со лет во 15.40 тргнува за Братислава, каде утре во градот Попрад ќе одигра меч со Словачка во рамки од претквалификациите за Евробаскет 2021.

„За овој претквалификациски циклус можам да кажам дека сѐ може да се очекува. Составот е тој ако се изземат несреќните повреди на Чековски, Трајковски и најновата на Костоски. Репрезентацијата е подмладена со играчи кои ќе бидат идните лидери на оваа селекција. Словачка ни е сериозен противник со двајца Американци. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто што го можеме. Во секој случај ќе имаме поголеми проблеми со надворешните линии, имаат двајца Американци кои се одлични шутери, со нивните високи играчи – и не толку. Не гледам некој посебен психолошки притисок, Словачка во февруари треба да дојде во Скопје. Ќе видиме, притисокот повеќе треба да биде кај нив. Ние ќе се обидеме да изиграме и да го извадимте најдобро од нас“ , рече селекторот Давитков во пресрет на ова гостување.

Натпреварот меѓу репрезентациите на Словачка и Македонија, кој ќе биде прв за нас во овој претквалификациски циклус, се игра утре, со почеток од 18.00 часот.