Македонското дерби во АБА2 нема да се игра во Бања Лука, туку во третиот „балон“

По турнирот во Златибор, следната активност на членовите во АБА2 лигата во кошарка ќе биде „балонот“ во Бања Лука од 18 до 22 јануари 2021 година. Македонските претставници Работнички и МЗТ Скопје ќе ја чекаат одлуката на раководството на АБА-лигата, каде ќе го одиграат натпреварот од осмото коло во АБА2 лигата.

Иако требаше да се игра во Бања Лука, сепак одлуката е во БиХ да се играат три наместо планираните четири кола. На 18 јануари Работнички ќе игра со Спарс, додека еден ден подоцна МЗТ Скопје ќе се сретне со Хелиос. На 21 јануари Работнички ќе игра со Горица, додека ден подоцна МЗТ Скопје ќе се соочи со Слобода Ужице. На 24 јануари Работнички за ривал ќе го има Златибор, а МЗТ Скопје ќе му се спротивстави на лидерот Студентски центар.

По четири кола МЗТ Скопје има три победи и еден пораз, а Работнички има биланс од две победи и два порази.