Македонското дерби во АБА 2 лигата меѓу МЗТ и Работнички во осмото коло

Откако беа потврдени промените во системот и календарот АБА2 сезоната 2020/2021, од регионалното натпреварување го објави и распоредот на натпреварите до крајот на регуларниот дел.

Тоа значи дека нашите претставници МЗТ Скопје и Работнички го дознаа својот „возен“ ред за оваа сезона во АБА2 лигата.

На вториот турнир, чие место и време на одигрување ќе биде дополнително објавено, екипата на Работнички ќе игра со Спарс (5. коло), Горица (6. коло), Златибор (7. коло), а големото македонско дерби со МЗТ Скопје е предвидено за осмиот круг од натпреварите.

Во 5. коло, МЗТ Скопје Аеродром го чека средба со словенечкиот претставник - Хелиос, во наредното, „металците“ играат со Слобода од Ужице, а потоа и со екипата на Студентски центар од Подгорица.

На ОВОЈ линк можете да го погледнете целосниот распоред на натпреварите во АБА 2 лигата во регуларниот дел од сезоната.