Македонските кадети се упатија кон Дарувар, следуваат два теста против Хрватска

Македонија У16

Кадетската репрезентација на Македонија во наредните неколку дена двапати ќе се сретне со Хрватска

Нашиот тим денес ќе тргне за Дарувар, каде ќе ги одмери силите со младите хрватски таленти. Овие натпревари се очекува да му дадат поширока слика за квалитетот на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ.

„Моментално сме во, би ја нарекол, втора фаза од подготовките која опфаќа и одигрување на првите контролни натпревари. За таа цел, во следните два дена, во еден комбиниран состав, на играчи родени 2005 и 2006 година, ќе ги имаме првите проверки во подготвителниот период. Двете пријателски средби, на кои сакаме да дадеме шанса на сите играчи, имаат цел да направиме што е можно подобра селекција за Челенџер турнирот во Скопје“.

Секако, во наредните денови чекаме на приклучување на уште неколку играчи кои дополнително ќе ја зголемат конкуренцијата во нашата репрезентација за турнирот“, смета селекторот.

Натпреварите меѓу Хрватска и Македонија ќе се одиграат в четврток и петок, со почеток од 18:00 часот.