Македонските кадети повторно убедливо поразени од Црна Гора

Македонската кадетска репрезентација загуби и на вториот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора, овој пат со високи 63-96. 

Слично како и на првата средба, Црногорците бргу стигнаа до висока предност и водеа со 30-14 уште по првите десет минути, а на паузата нашите момчиња имаа негатива од 22 поена (55-32). 

Беше јасно дека некомплетниот тим на селекторот Александар Јованчев нема да може да му парира на ривалот (стомачен вирус меѓу играчите), па на крајот впиша убедлив пораз од своите врсници. 

Најдобар поеднинец во нашиот состав беше Цветковски со 23 поени, седум скока и четири асистенции, а солиден учинок имаше и Сребров, кој постигна три поени помалку.