• Зоран Мишевски
Машката репрезентација на Македонија за играчи до 18 години загуби од Романија на првиот од двата контролни натпревари закажани на гостински терен во Крајова (87-73).
Домашната селекција направи голема предност уште во првата четвртина (29-15), која успешно ја одржуваше во продолжението од натпреварот. На полувреметото резултатот беше уште повисок во полза на противникот (47-25), слично беше и по три одиграни четвртини, Романија водеше со сигурни (65-45).
Нашите најдобри минути беа последните десет во кои успеавме да симнеме добар дел од акумулираната негатива уште во овој стартен интервал од „контролата“ во Крајова (87-73).
Селекторот Горан Андреевски на овој натпревар не можеше да смета на услугите на капитенот Никола Јаничиќ, Стојановски одигра нешто повеќе од две минути, а со националниот тим не е нашиот стартер на центарската позиција Марко Луканоски, кој е префрлен во селекцијата до 20 години, со која од денес го почнува Европското првенство од дивизијата А во Полска.
Во отсуство на овие тројца кошаркари, Стојковиќ и Ќириловски реализираа по 18 поени, а Петровиќ запиша 11 поени.
Денес од 14.часот, по локално време, двете јуниорски селекции на Романија и на Македонија ќе одиграат уште еден контролен натпревар.