Македонскиот селектор Бајиќ првпат загуби во АБА-лигата

Македонскиот селектор Драган Бајиќ и неговата Игокеа го доживеаја првиот пораз во новата сезона од регионалната кошаркарска АБА-лига.

Игокеа гостуваше во Србија кај екипата на ФМП и поради лошото прво полувреме доживеа пораз (89-81). Пресудни беа првите две четвртини кои кошаркарите на српскиот претставник ги добија шест, односно два разлика.

Најдобар кај ФМП беше Неранџиќ со 18 поени, исто колку што имаше и Радоњиќ, додека во тимот на Игокеа најмногу се истакна Волер со 14, пред Јосило со 12 постигнати поени.

  • ФМП - Игокеа 89-81:

Студентски Центар ја забележа првата победа на домашен терен против Задар (94-78). Одличен беше Меги со 20 поени, пред Вињалес со 18 постигнати поени, додека кај хрватскиот тим прв стрелец беше Картер со 19 поени.

  • Студентски центар - Задар 94-78:

Втора победа на хрватско тло запиша и Партизан на Жељко Обрадовиќ. откако вчера во Сплит славеше против домашните „жолти“ со 59-69.

  • Сплит - Партизан 59-69: 

Преостанатите натпревари од второто коло на регионалната лига се играат во следните три дена.