Македонски репрезентативец ќе игра во тимот на Чеди Осман!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов, ќе ја продолжи својата кариера во турскиот клуб Пицабулс Чеди Осман Баскетбол, кој е во ко-сопственост на НБА играчот Чеди Осман. 

Клубот постои од 2018 година и најпрво се ориентираше на развој на млади таленти, но од неодамна пријави тим во сениорска конкуренција и ќе настапува во второто по ранг натпреварување во Турција. 

За нашиот Николов оваа земја не е непозната, затоа што во минатото го носеше дресот на неколку клубови, меѓу кои се Галатасарај, Трабознспор, Истанбул ББ, Соџар Петким и Коњаспор. Во Македонија настапуваше за МЗТ Скопје и Работнички.