Македонската кошарка доби нов странец со „трипл-дабл“ во лигата!

Ретки се кошаркарите кои оствариле „трипл-дабл“ учинок во македонската кошаркарска Суперлига, а од оваа седмица, листата е побогата за уште еден член.

Американскиот интернационалец Накавион Вајт од ТФТ Скопје имаше одличен натпревар против Скопје и оствари троен учинок во сегментите. 11 поени, 10 скока, 10 асистенции во 29 минути на теренот беше учинокот на членот на тимот на Смилковски.

Вајт е првиот член на ТФТ кој успеал да дојде до „трипл-дабл“ во лигата. Воедно, тој е четвртиот странски играч кој дошол до вакво достигнување по Ејасу Ворку од Гостивар, Џордан Огундиран од Академија ФМП и Недим Мустафица од Работнички.

На листата има повеќе македонски кошаркари со „трипл-дабл“ учинок, а единствен со два во кариерата се издвојува Димитар Караџовски. Од актуелниот тим на ТФТ, „трипл-дабл“ има и капитенот Едис Нури, но во друг клуб.