Битола важи за спортски град, каде водечка сила се ракометот и фудбалот. Но, во градот на конзулите, како никогаш досега во историјата во голем подем е и кошарката. Пелистер подолго време гради моќен тим, Хераклеја веќе е стабилен второлигаш, но во Битола се „роди“ уште еден кошаркарски колектив, именуван како Битола-Медика Карта.