Екипата на ТФТ Скопје, покрај Куманово 2009, е една од двете која во досегашниот дел од сезоната имаат најголем број на одиграни натпревари. Секако во таа констатација влегуваат и оние осум одиграни мечеви во рамките на Балканската лига, што ќе каже дека „црно-белите“ и се во еден полн натпреварувачки моментум, доста значаен во однос на ривалите кои, поради низа на околности не ја имаа таа прилика.