Можеби е рано да се носат било какви заклучоци, бидејќи многу натпревари не се одиграни и скоро сите тимови минаа процес на изолација, но битолски Пелистер е хит во кошаркарскиот шампионат. Не е ништо спектакуларно што запиша три победи на домашен терен, туку одушевува начинот на кој што тоа го направи. Синоќа го декласира македонскиот претставник во БИБЛ лигата, Куманово со 38 разлика.