Кошаркарска Струмица по подолго време ќе гледа елитна кошарка следната сезона. Струмичани го добија клучниот дуел против Бутел и обезбедија промоција во Суперлигата. Во прекрасна атмосфера во салата „Никола Карев“ домашните кошаркари со 81-76 славеа во „мајсторката“ со скопскиот ривал и на тој начин се вратија во елитното натпреварување.
Кошаркарите на Бутел ја израмнија финалната серија во плеј-офот од Првата македонска лига, откако на домашен терен ја совладаа Струмица со 85-77 за 1-1 во серијата.
Екипата на Бутел ќе игра во финалната серија од доигрувањето за место во Супер лигата, откако вечерва како гостин, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, славеше во „мајсторката“ против Соколи 1933 со 83-86.