Американецот Вилсон со емотивна порака се прости од Пелистер: Ви благодарам!
Американскиот кошаркар Ленгстон Вилсон се прости од Пелистер и од битолската публика со емотивна порака на социјалните мрежи, ставајќи крај на својата едногодишна авантура во зелено-белиот дрес. Вилсон му се приклучи на Пелистер во септември минатата година и беше еден од најзабележителните странски играчи во тимот.



