Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига - жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци.
Бадел 1862 започна со формирањето на екипата за новата сезона, а првиот потег носи добро познато име. Поранешната македонска репрезентативка Сандра Лазареска повторно ќе го облече дресот на клубот.
Крива Паланка е нов шампион во женска сениорска конкуренција. Во финалата серија наа плеј-офот беа подобри од екипата на Бадел 1862, ја добија со 3-1, доволно за големо славење. За прв шампионски трофеј во историјата на женскиот кошаркарски колектив од Крива Паланка. Во кој свој особен печат стави шефот на стручниот штаб Виктор Петровски.
Името на Крива Паланка од денес ќе фигурира на листата на шампиони на Македонија. Кошаркарскиот клуб за првпат во историјата е првак во женска конкуренција.
Кошаркарките на Бадел 1862 ја продолжија финалната серија во женскиот плеј-оф, откако на домашен терен славеа против Крива Паланка со 71-69 и намалија на 2-1 во серијата.
Само уште една победа ги дели кошаркарките на Крива Паланка од освојувањето на првата шампионска титула во сениорска конкуренција, откако вечерва на свој терен во салата „Бранители 2001“ по вторпат излегоа како победнички во вториот натпревар од финалната серија на плеј-офот против екипата на Бадел 1862 (88-76).
Екипата на Крива Паланка поведе со 1-0 во финалната серија на плеј-офот која го дава новиот шампион во „Шпаркасе лајф“ Првата лига во женска конкуренција. Во премиерните 40 минути од серијата „подобар во пет натпревари“, на свој терен, беа далеку подобри од екипата на Бадел 1862 so 81-64, со што го направија и првиот чекор кон освојување на шампионскиот трофеј.
Крива Паланка за првпат, или пак Бадел 1862 по седми пат во својата историја, ќе биде шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција? Одговор на ова прашање ќе даде финалната серија на плеј-офот, која стартува евечерва во салата „Бранители 2011“ во Крива Паланка.