Македонија вторпат во низа домаќин на кадетското Европско првенство!

Бордот на директори на ФИБА Европа одржа состанок во Истанбул на кој ги подели младинските првенства за следната сезона. 

Потврдена и прифатена беше кандидатурата на Кошаркарската федерација на Македонија за организација на младинско Европско првенство и во следната 2025 година. Откако изминатото лето Македонија беше домаќин на два турнири, сега пак ја добива довербата од ФИБА. 

Во Скопје од 7 до 16 август ќе се одржи Европското првенство за кадети, играчи до 16 години - Б дивизија. Младите кошаркари одново ќе имаат шанса на домашен терен да се борат за европски успех, бидејќи и оваа година бевме домаќини на првенството во иста конкуренција. 

Покрај тоа, Македонија беше организатор и на Европското првенство за младинци до 18 години - Б дивизија, на кое стигна и до трофејот.