• Горан Упале
Со денешната ждрепка во Минхен и официјално стартуваше новото „патување“ кое е дел од ФИБА, а е наречено Евробаскет. Она кое ќе трае се од 2025 година, кога ќе бидат познати сите екипи учесници на новиот собир на најдобрите кошаркари на стариот континент.
Нашата машка сениорска репрезентација ќе биде дел од групата Х, во која се уште и селекциите на Литванија, Естонија и Полска.
Согласно со „рестрикциите“ на ФИБА, со оглед на тоа дека Полска е едне од домашјните на наредното Европско првенство, и има обезбедено директен пласман на шампионатот, место во завршниот дел ќе има за најдобрите две пласирани репрезентации во ова „друштво“.
Квалификациите за Евробаскетот во 2025 година, ќе се играат во три ФИБА „прозорци“. Односно на 19-27 февруари 2024 година, 18-26 ноември 2024 година и 17-25 февруари 2025 година (со по два натпревари одиграни од секоја репрезентација во секој прозорец).
Трите највисокопласирани селекции од секоја група, освен групите во кои влегуваат ко-домаќините на Евробаслетот, Кипар, Финска, Полска и Летонија, ќе се квалификуваат за финалната рунда.
Лимасол ќе биде град домаќин на групата која ќе се игра на Кипар, во улога на домаќин во Летонија е Рига. Натпреварите во Полска во онаа прва фаза ќе се играат во Катовице, а оние во Финска, во Тампере.