Македонија У18 на Симиќ загуби од Грција, виси местото во А-дивизијата

Кошаркарската репрезнтација на Македонија до 18 години доживеа нов пораз на Европското првенство (ЕП) и потклекна пред Грција (61-77) која беше далеку подобар противник на теренот во Турција.

  • Комплетниот натпревар меѓу Македонија и Грција:

Уште од почетокот на средбата „хелените“ наметнаа свое темпо, а Македонија имаше голем проблем во шутот. Избраниците на Тони Симиќ се ставија во инфериорна позиција со стартната серија на противникот (1-10), па по првиот квартал резултатот гласеше 17-23 за Грците.

Во втората четвртина Македонија се врати во натпреварот и поведе на полувремето (39-38), а во одлучувачката четврта четвртина, Грција влезе со „плус“ од четири поени (50-54). Само шест постигнати поени во девет поени беа кобни за Македонија У18, па се доживеа нов пораз на ЕП поради кој се стравува за местото во А-дивизијата следниот шампионат.

Теодор Симиќ со „дабл-дабл“ од 15 поени и единаесет скока беше предводник на Македонија, а го следеа Бошалески и Шошкиќ со по 12 поени. Најдобар кај Грција беше Корконзелос со осумнаесет постигнати поени.

Македонија ќе мора да победи на следните два меча за да опстане во А-дивизијата. Следен противник е Црна Гора.