Кадетите со голем пресврт од „минус 21“ до победа над Швајцарија

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација стигна до втората победа на Европското првенство во Дивизија-Б, откако со 89-76 ја совлада Швајцарија во четвртото коло.

Нашите кошаркари имаа кошмарен почеток и по првите 10 минути заостануваа со 14 поени (16-30). На стартот на вториот период гостите имаа водство од 21 разлика. Швајцарците продолжија во ист ритам и на одмор заминаа со убедлива предност од 53-38.

Сепак, во второто полувреме следуваше целосен пресврт. Македонија ја намали разликата во третата четвртина, која ја доби со 26-14, а во последниот период направи целосен пресврт и го доби со неверојатни 25-9. На крајот, македонските кадети славеа со 89-76, а најзаслужен за победата беше Илија Коневски со 26 поени и шест скокови.

Македонија по четири натпревари има две победи и два порази, а групната фаза ќе ја заврши со дуел против Украина.