Македонија со скок од четири места на новата ранг-листа на ФИБА

Кошаркарската репрезентација на Македонија напредува четири позиции на европската ранг-листа на ФИБА. Во февруарскиот прозорец избраниците на Александар Јончевски загубија дома од Естонија, но потоа успеаја да ја совладаа Полска како гостин и тоа донесе напредок. 

„Во 80 минути низ два февруарски натпревари, Македонија водеше 54 минути (20:16 против Естонија и 33:52 против Полска), а успеа да извлече скор од 1-1. Иако веројатно ќе одбереа домашна победа над ривалот за место на ЕП Естонија, повеќе од триумф над квалификуваната Полска, сепак со сигурност добро го прифатија. Едно е сигурно, играта еден-два на Ненад Димитријевиќ и Итан Хап ќе биде полни раце работа за ривалите кога и да се заедно на паркетот“, напиша ФИБА во својот „Power Ranking“. 

Што се однесува до ривалите во нашата група, Естонија со двете победи скокна 12 места и сега е десетта, две места зад фаворитот Литванија, додека Полјаците паднаа десет позиции. 

На челната позиција на најновото рангирање скокна селекцијата на Србија, која го презеде приматот од Франција, па следат Летонија, Грција, Италија, Словенија, Белгија, Литванија, Германија и Естонија во топ десет.