• Мартин Танасковски

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ќе го има првиот собир за последните два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Александар Јончевски ќе ги има најсилните адути.
За првпат во составот заедно ќе бидат двајцата евролигаши Ти-Џеј Шортс од Париз и Ненад Димитријевиќ од Олимпија Милано. На Македонија ѝ се потребни две победи на последните две средби против Естонија на гости и дома со Полска, но и една услуга од Литванија, па овој епилог да се повикаат најсилните шутерски решенија е очекуван.
Посебно затоа што Хап од Валенсија е повреден и не може да игра како странски кошаркар, па повикан напомош е Шортс кој има сезона за паметење во Евролигата и важи за еден од најдобрите играчи како член на дебитантот на елитата.
Останатите играчи се од домашното првенство и се очекува на број и без повреди да се појават на првиот собир попладнево од 18:00 часот. На првата прозивка, Јончевски ќе ги има и Димитријевиќ и Шортс кои доаѓаат попладнево.
Македонија е во напад на Европско првенство за првпат по една деценија. Последен пат меѓу европскиот крем бевме во 2015 година на ЕП во Хрватска.