Македонија со една промена отпатува во Славонски Брод

Кошаркарската репрезентација на Македонија веќе е во Хрватска каде што во вторник ќе го одигра натпреварот од третото коло во квалификациите за Евробаскетот во 2027 година. 

Македонските кошаркарки веќе се во Славонски Брод, а селекторот Александар Ашаданов се реши да направи една замена пред натпреварот. Со репрезентацијата не отпатува најмладата во тимот Теа Трајковска која остана во Скопје, а на нејзино место во тимот се враќа Јана Пислевска. 

Попладнево селекторот Ашаданов и стручниот тим ќе го одработат првиот тренинг во Славонски Брод. 

Натпреварот се игра во вторник во салата „Вијуш“ во терминот од 18:00 часот.