Македонија со една промена на мечот против Грција

Со една промена во играчкиот состав ќе биде нашиот женскиот сениорски национален тим за наредниот натпревар од квалификациите за Евробаскетот против селекцијата на Грција.

Со оглед на „структурата“ на наредниот противник, селекторот Александар Ашаданов се одлучи за една малку, поинаква, односно повисока формација. 

Во финалните 12, Ашаданов ја стави Теа Трајковска, која ќе треба да биде во онаа внатрешна линија во нашата селекција во која се Мерит Хемпе, Ивана Кметовска, Матеа и Милица Николиќ.

Трајковска влегува во официјалниот протокол за натпреварот на местото на Јана Пислевска, која останува со тимот, во кој е и Мартина Маркоска.