• Иван Димовски

Македонската кошаркарска репрезентација веќе го архивира поразот од Словачка и сега целосно се насочи на клучниот натпревар во претквалификациите за Евробаскетот против Норвешка.
Избраниците на Александар Јончевски веќе се во Осло и почнаа да се аклиматизираат. Кошаркарите веќе одработеа два тренинзи во „Нордстранд Арена“, каде што се игра неделниот натпревар. Веднаш по пристигнувањето Јончевски свика тренинг за рекуперација, додека се тренираше и денес в сала точно напладне.
Вечерва ги очекува уште еден на 24 часа пред мечот, а последниот е утре наутро во десет часот. Натпреварот меѓу Норвешка и Македонија е на програмата во 18:00 часот.
Македонија мора да оди на победа за да го обезбеди првото место во групата.