• Мартин Танасковски
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години го освои деветтото место на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Братислава, Словачка.
Нашиот национален тим со 91-81 беше подобар од Босна и Херцеговина во мечот за разигрување за пласман. Уште од почетокот Македонија наметна свое темпо, ја доби првата четвртина со 30-21 и цело време беше во плус со ривалот.
Сергеј Младеновски со 17 поени и Марко Луканоски со 15 поени и седум скока беа најдобри кај поентерите, додека кај Босна и Херцеговина, Тарик Хреља имаше 15 постигнати поени.
