• Мартин Танасковски

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години ја забележа првата победа на Европското првенство (ЕП) А-дивизија откако во драматичен натпревар славеше над Црна Гора (62-65) и ќе разигрува за опстанок во елитата.
- Комплетниот натпревар меѓу Црна Гора и Македонија:
За кошаркарите на Симиќ потребни беа две победи на последните два меча ако сакаат опстанок во А-дивизијата. Првата е остварена по тежок пат, во неизвесен финиш во кој блесок имаше Андреј Шошкиќ и со серија од пет поени во низа го најави триумфот.
Најдобар кај Македонија беше токму Шошкиќ со 16 поени, пред Теодор Симиќ кој имаше „дабл-дабл“ од 13 поени и 14 скока. Исто така 13 поени даде и Петар Бошалески. Кај Црногорците најрасположен беше Никола Гленџа со 17 поени.
Последниот натпревар на ЕП А-дивизија на кој ќе се игра за опстанок, Македонија ќе го има против Хрватска.