Македонија падна на последната ранг листа на ФИБА

Последното рангирање на ФИБА донесе пад за едно место на македонската кошаркарска репрезентација.

Сега нашите сениори се на 53-то место на светската листа. Падот доаѓа како резултат на двата порази во февруарскиот прозорец од квалификациите за Светското првенство 2023.

Нема изненадување на врвот, каде Соединетите Американски Држави е далеку пред Шпанија, Австралија, Франција и Словенија.

Меѓу најдобрите сто репрезентации во светски рамки најголем скок направи Јужен Судан, кој напредуваше за шест места.