Македонија официјално доби нов Американец!

Екипата на Олимпија Милано официјално потврди дека Американецот Мозес Рајт ќе ѝ се приклучи на кошаркарската репрезентација на Македонија за претстојниот августовски ФИБА прозорец.

Уште во јуни беше објавено дека американскиот центар е во напредни преговори за добивање македонско државјанство и настап за националниот тим, а сега неговото приклучување е и официјално потврдено. Македонија кон крајот на август ќе ги започне настапите во втората рунда од претквалификациите за Европското првенство, а првиот натпревар ќе го одигра против Австрија на 30 август.

Рајт зад себе има одлична сезона во дресот на литвански Жалгирис, каде беше прв избор на центарската позиција и еден од најзаслужните за пласманот на тимот на петтото место во регуларниот дел од Евролигата. Во елитното европско натпреварување просечно бележеше 13,2 поени, 6,5 скока и индекс на корисност од 17,1 за 23 минути по натпревар.