Македонија носител во ждрепката за СП 2023, кои се можните ривали?

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги чека претквалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2023 година, а на ждрепката ќе биде сместена во првиот сад.

ФИБА ги објави шеширите, а нашиот национален тим нема да може да игра со фаворитите Летонија, Црна Гора и Шведска.

Можни ривали на Македонија од вториот шешир се Романија, Данска, Австрија и Швајцарија, додека од третиот доаѓаат Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка.

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбеди пласман во следниот циклус од натпреварите. Вториот круг од претквалификациите ќе се игра во периодот од 11 до 28 август.