Македонија на Симиќ загуби од Хрватска и испадна од А-дивизијата!

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години испадна од А-дивизијата. По поразот од Хрватска (72-59) нашиот национален тим заврши како четиринаесетта и така нема да остане во елитата на следното првенство.

  • Комплетниот натпревар на Хрватска и Македонија:

Македонија предводена од селекторот Тони Симиќ заврши со една победа на шампионатот, против селекцијата на Црна Гора, а мечот со Хрватска беше „да се биде или не“. Мораше да се добие за да остане во А-дивизијата, но не се успеа во тоа.

Двете селекции имаа егал прво полувреме се до резултат 25-25, па Хрватите влегоа во серија и на пауза заминаа со девет поени позитива (35-29). Потоа Македонија пак се врати, дојде на 49-46, меѓутоа нова серија на „коцкестите“ донесе 54-46 и мирна четврта четвртина во која цело време се држеше предноста.

Најдобар кај Македонија беше Теодор Симиќ со 21 поен и 12 скока, пред Петар Бошалески и Лука Димитриевски со по 14 поени. Кај Хрватите, Вице Занки даде 15 поени, додека Дубравчиќ, Крајновиќ и Рајаофера реализираа по 12 поени.