Македонија на крајот на април добива ривали во претквалификациите за СП 2023

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, како и сите останати национални селекции во младинска конкуренција ќе ги дознаат имињата на своите противници на посебна церемонија, која на 28 април ќе се одржи во Берлин.

На церемонијата која е предвидена да стартува од 13:00 часот во „Верти мјузик холот“ во Берлин, ќе бидат формирани натпреварувачките групи за вториот круг од претквалификациите за Светското првенство во 2023 година, европските младински првенства, и првенствата на т.н. „мали земји“ за 2021 година.

Ден подоцна, на 29 април, ќе биде реализирана и ждрепката за Евробаскетот во машка конкуренција, кој ќе се одржи во 2022 година.

Поради ситуацијата со ковид-19 во Германија, церемонијата ќе биде реализирана „зад затворени врати“