• Мартин Танасковски
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека ФИБА Европа донесе одлука Европското првенство во Б-Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација.
Европското првенство У16 – „Б“ дивизија ќе се одржи во периодот од 5. до 16. август, а на шампионатот ќе настапи и машката репрезентација на Македонија во оваа возрасна категорија.
Од МКФ велат дека убедени се дека нашите млади кошаркари ќе ја претставуваат државата на достоен начин и ќе дадат максимум на ова значајно меѓународно натпреварување, кое воедно ќе биде и голем празник за македонската кошарка.
Кошаркарската федерација на Македонија навремено ќе ја информира јавноста за сите дополнителни детали поврзани со организацијата и одржувањето на првенството.