• Саше Љолес
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари првата победа на Европското првенство (дивизија Б) и ја совлада селекцијата на Австрија со конечни 78-70.
Во натпреварот за пласман од 17. до 21.позиција, репрезентацијата на Македонија конечно стигна до првата победа. Со одлично одиграна последна четвртина, тимот на селекторот Виктор Петровски сосема заслужено ги надигра Австријките.
Нашата селекција имаше водство во првата четвртина, но Австрија ја доби втората и на полувреме имаше еден поен предност, 43-44. Одигравме одлично во последната четвртина, во која создадовме „вишок“ од десет поени, сосема доволно за радост и триумф на крајот.
За разлика од претходните натпревари, овој пат бевме многу поефикасни. Фантастичната Ања Начевска имаше 23 поени и 17 скокови (дабл-дабл ефект), а зад неа следуваа уште три кошаркарки со двоцифрен учинок - (Трајковска постигна 15, а по еден помалку додадоа Колева и Пислевска).

