Македонија ѝ се „истури“ на Летонија, за прв триумф на ЕП во Удине

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години ја забележа првата победа на Европското првенство (ЕП) и убедливо славеше над селекцијата на Летонија (64-53).

По двата несреќни порази од Шпанија и Израел, нашите кошаркари се издигнаа, па успеаја во доминантен натпревар да прокнижат посакуван полн плен, прв за нас на овој еврошампионат во рамки на А-дивизијата. 

По скромниот прв квартал и само осумнаесетте поени (9-9), Македонија одигра доминантно и на пауза замина со пет поени предност (30-25), а со нови доминантни десет минути, во третиот квартал, практично, се реши натпреварот (47-35). Последните десет минути за разлика од дуелот со Израел, беа само рутина за нашиот национален тим.

Најдобар во победата беше Митревски со 23 поени, Наков постигна 15, а Петков и Атанасов завршија со по седум поени, со тоа што Атанасов зад своето име имаше 11 скока. Македонија ја заврши групната фаза на третото место и чека на осминафиналниот ривал.