Македонија ги дозна ривалките во квалификациите за Евробаскетот

Најискусната женска кошаркарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификацискиот циклус за следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2025 година. 

  • Квалификациските групи за ЕП 2025:

Група А: Шпанија, Летонија, Холандија, Австрија
Група Б: Унгарија, Словенија, Бугарија, Финска
Група Ц: Белгија, Полска, Литванија, Азербејџан
Група Д: Велика Британија, Шведска, Данска, Естонија
Група Е: Франција, Хрватска, Израел, Ирска
Група Ф: Турција, Словачка, Романија, Исланд
Група Г: Србија, Украина, Португалија, Македонија
Група Х: БиХ, Црна Гора, Швајцарија, Луксембург
Група И: Италија, Грција, Чешка, Германија

Македонските кошаркарки налетаа на ривалки од Португалија, Србија и Украина во групата Г. Од групната фаза, најдобрите во сите осум групи, како и четирите најдобри второпласирани селекции одат на Европското првенство. За првпат, во квалификациите ќе играат четирите организатори, но без натпреварувачки карактер, за одржување на формата. 

Првите натпревари се закажани за во ноември оваа година, па потоа следи пауза од 12 месеци. Следните предизвици се во ноември 2024, а завршницата од групата и последните два меча се во февруари 2025 година.