• Иван Димовски
Адем Мекиќ нема му биде на располагање на селекторот Марјан Илиевски за последниот натпревар од претквалификацискиот циклус за Светското првенство против Унгарија.
Еден од најискусните играчи во тимот има повреда на десното колено која го мачи, а поради тоа мора да паузира. Мекиќ се обиде навремено да ја санира повредата за да настапи на завршницата од циклусот, ама не успеа во тоа.
„Проблемите кои почнаа уште при она гостување во Романија, се посилни од мојата желба за играње. Лекарскиот тим констатираше дека станува збор за истегнување на лигаамент на десното колено, и нивните препораки се дека треба да „поминам“ десетдневен лекарски третман за да биде санирана оваа ситуација, која за жал ме одвои од тимот во оваа фаза од претквалификациите. Тука сум со тимот, остануваме оптимисти пред дуелот со Унгарија“, изјави Мекиќ.
Мекиќ е со репрезентацијата во Скопје, меѓутоа нема да биде дел од тимот со кој вторпат ќе ѝ се спротивставиме на Унгарија в среда од 19:00 часот во СРЦ „Кале“.

