Македонија атакува на прва победа и враќање на самодовербата против Грузија

Грузија како голем фаворит ќе гостува во Скопје во вториот меѓусебен судир во рамките од квалификациите за Светското првенство 2023.

Македонија има мали проблеми со ростерот, но доби добри вести во врска со Ненад Димитријевиќ. Младиот плејмејкер ќе биде достапен за денешната средба, но под знак прашалник ќе биде Андреј Магдевски. Кога ова ќе се додаде на фактот дека селекторот Драган Бајиќ, поради проблеми со коронавирус, нема да биде на клупата, можеме да очекуваме уште еден тежок меч за националниот тим.

Гостите имаат самодоверба, по високата победа на домашен терен пред неколку дена. Нивните најдобри играчи се во солидна форма, па тоа очекувано ги прави фаворити за уште едно славје. Македонската репрезентација се надева на прва победа во циклусот, со која ќе ги задржи шансите за пласман во следната фаза квалификации.

Нашата единствена победа во меѓусебните дуели датира од Европското првенство 2011. Тогаш минимално ги зовладавме Гризијците, но во следните два меча нашиот следен противник покажа дека моментално располага со повисок квалитет.

Натпреварот во Скопје се игра вечерва со почеток од 20:00 часот.