Во спортската сала во Куманово, на специјално подготвените терени за М12 генерациите, продефилираа голем број на млади кошаркари и кошаркарки од повеќе градови низ Македонија. Преку игра, дружење и натпреварување, најмладите имаа можност да ги покажат своите кошаркарски вештини, но и да создадат нови пријателства и убави спомени.