Македонецот феноменален: Костоски даде 33 ПОЕНИ против Стеауа!

Македонскиот репрезентативец Александар Костоски одигра фантастичен натпревар во романскиот плејоф против Стеауа, но за жал неговиот тим Питешти не успеа да ја круниса со победа (90-105).

Костоски на паркетот мина 35 минути и имаше фантастичен ден, постигнувајќи 33 поени, со само две промашувања. Репрезентативецот беше прецизен 9/11 од поле, а двете промашувања беа во шутот за два (4/6). Во шутот за три тој беше непогрешлив (5/5), а исто беше и од линијата за слободни фрлања (10/10). Зад своето име Костоски забележа и два скока и четири асистенции. 

Во плејоф-серијата Стеауа има водство од 2-0 против Питешти.