• Горан Упале
Српскиот кошаркарски репрезентативец, Зоран Ерцег е пред потпис со поранешниот европски шампион тимот на Макаби.
Претходно, Ерцег одби неколку понуди од тимови од Италија, Турција, Шпанија и Грција, а како најконкретен во понудата беше италијански Армани Џинс, но српскиот крилен центар одлучи да остане слободен играч, чекајќи ја вистинската понуда.
Како што најавуваат израелските медиуми тимот на Макаби му понуди договор на Ерцег, кој ќе има важност од крајот на оваа сезона. Одличниот 31-годишен српски репрезентативец по завршувањето на Европското првенство е без ангажман и доколку сака повторно да го облече дресот на својата држава ќе мора во најбрз можен рок да се врати на паркетот.