• Саше Љолес
Управата на Макаби веќе го подготвува ростерот за следната евролигашка сезона, а тоа се потврди и со продолжувањето на соработката со Американецот Џими Кларк.
Плејмејкерот потпиша нов тригодишен договор со „израелската гордост“, со што ќе продолжи да биде меѓу лидерите на тимот во кој сезонава просечно бележеше 9,5 поени, 4,3 асистенции и 1,8 скокови.
25-годишниот Кларк досега настапуваше само за израелски клубови, но етапата во Макаби се покажа како успешна и затоа ќе продолжи да го носи дресот на овој славен клуб.
