• Александар Ковачев
Според најновите информации кои доаѓаат од Израел, раководството на Макаби Тел Авив до крајот на неделата треба да потпише со Дејвид Блат. Американецот Блат во својата кариера на двапати седеше на клупата на „гордоста на Израел“. Првиот пат од 2001 до 2003 година, а вториот пат од 2010 до 2014 година.
Израелскиот „Спорт 5“, кој е близок до тимот на Макаби, информацијата за враќањето на трофејниот Блат ја објави како екслузивна информација. Наводно водечките луѓе на Макаби веќе го контактирале Блат, понудувајќи му повеќегодишен договор, а конечната одлука треба да падне до крајот на неделата.
Блат е без ангажман од месец Јануари по отказот, кој го доби во Кливленд. Од тогаш имаше бројни шпекулации поврзани со неговото име, а последните неколку дена се поврзуваше со тимовите на Њујорк и Хјустон. Најголемиот успех Блат, го постигна токму со екипата на Макаби, со која во 2014 ја освои Евролигата. Покрај Макаби, за услугите на Блат се заинтересирани и тимовите на Дарушафака и Барселона.