Макаби го потпиша најскапиот тренерски договор во историјата на клубот

Тренерот на Макаби Тел Авив, Одед Каташ, го продолжи договорот со клубот за уште три години и со тоа стана најскапиот тренер во историјата на тимот.

Од клубот соопштија дека станува збор за договор „од рекордни размери“, нагласувајќи дека е вложен голем напор за да се задржи стратегот кој веќе неколку сезони успешно го води тимот. Финансиските детали не беа објавени. Со новиот договор, Каташ ќе стане и тренер со најдолг стаж во клубот во последните пет децении.

Во изминатите три сезони, тој го предводеше Макаби до две шампионски титули во Израел, два национални Купа, како и до два плејофа во Евролига. Тимот во двата наврати беше блиску до пласман на фајнал-фор турнирот.

„Среќен сум и почестен што ќе продолжам да го водам овој престижен клуб. Ова за мене претставува голема одговорност, но и доказ за довербата што ја имаме изградено“, изјави Каташ.

Раководството на клубот истакна дека желбата за продолжување на соработката била обострана и дека договорот бил постигнат без поголеми проблеми.