• Зоран Мишевски
Уникатен случај во светот на спортот. Големиот кошаркарски Макаби ја распродаде својата арена за натпреварите од Евролигата, иако своите натпревари ќе ги игра во друга земја.
Иако Макаби Тел Авив оваа сезона ќе игра натпревари од Евролигата во Белград, речиси ги распродаде сите сезонски билети за следната сезона!
Како што потврдија од клубот, досега се продадени 9.150 билети, што е речиси 90% од капацитетот на арената „Менора Мивтаким“. Воедно од Макаби објаснија дека ќе ги враќаат трошоците за секој натпревар што не го играат во нивната сала.
Одед Каташ наскоро ќе го собере тимот и ќе ги започне подготовките, првиот тест меч ќе го има на 6 септември, против Олимпијакос во Пиреја.