• Иван Димовски
Кошаркарите на Макаби ја победија Басконија со 113-85 во првото коло од плеј-инот и со тоа обезбедија пласман во Топ 8 фазата од Евролигата, каде како седмопласираната екипа на табелата ќе ги одмери силите со Панатинаикос на стартот од плеј-офот. Натпреварот кој поради безбедносни причини се одигра во белградската „Арена“ мина во доминација на тимот од Израел.
Од друга страна, избраниците на Душко Ивановиќ имаат уште една шанса да стигнат до разигрувањето за титулата, а за такво сценарио ќе им биде потребен триумф над Виртус Болоња.
Италијанскиот тим славеше на гостувањето кај Анадолу Ефес во драмата со 64-67. Виртус одигра одлично во завршницата од натпреварот и го скрши отпорот на домашниот тим во Истанбул.
На патот кон плеј-офот во Евролигата екипите на Виртус и Басконија ќе се судрат во плеј-ин натпревар.