
Новопечениот турски репрезентативец Скоти Вилбекин, од наредната сезона ќе го носи дресот на Макаби Тел Авив, клуб кој го откупи неговиот договор со Дарушафака. Американецот со турски пасош ќе потпише договор 2+1 сезона, а во Тел Авив треба да го наследи Пјер Џексон кој се сели во Кина.
Вилбекин имаше сјајна сезона и го предводеше тимот на Дарушафака до титулата во Еврокупот, а долго ќе се памети неговата партија на натпреварот против Баерн во полуфиналето, кога постигна 41 поен, а погоди десет тројки. Беше прогласен за МВП во финалето на ова натпреварување.
Професионалната кариера ја започна во Австралија, а на европско тло се пресели во 2015 година, кога заигра за АЕК, пред да се пресели во Турција.