„Мајкл Џордан лажеше за две работи во документарниот филм...“

Сем Смит

Една од најпродаваните спортски книги во историјата на САД е „Џордановите правила“, посветена на екипата која ја освои НБА титулата во 1991 година.

Автор на истата е Сем Смит, кој неколку дена по крајот на емитувањето на „Последниот танц“ открива дека екс кошаркарот на Чикаго Булс кажал две лаги во документарниот филм.

„Имаше две лаги кои ги забележав во документарниот филм, кои не се големи, но беа доволни за да реагирам. Лага беше дека тој сакаше да се врати во сезоната 1998/99 и обидот да го отрујат со пица за време на престојот во Солт Лејк Сити. Лагите се очигледни, но добро, тоа е дел од мистичноста која се врти околу Мајкл Џордан“, верува Смит.

Десетте епизоди на овој серијал предизвикаа бурни реакции. Некои позитивни, но имаше и негативни, особено од дел од неговите соиграчи. 

Хорас Грент јавно го нападна дека не смееше да открива некои интимни работи од првите години на Џордан во Чикаго, а се шпекулира дека и Скоти Пипен, неговиот најдобар соиграч, бил бесен од начинот на кој што беше прикажан во филмот.