Мајк Кефи: Срце на терен, мора да славиме победа!

Американскиот кошаркар од редовите на МЗТ Скопје, Мајк Кефи, изјави дека тимот силно верува во сопствените можности и мораат сите заедно да бидат на високо ниво за да слават победа над Игокеа во АБА-лигата. 

Дуелот со АБА-лигашот од Лакташи се игра утре попладне, а „штрковите“ веруваат во добро издание и освојување на бодови.

„Сите знаеме колку е овој наторевар важен за нас. Цврсто веруваме во себе и во трудот што го вложуваме подготвувајќи се за овој меч. Игокеа е добар тим, но ние мораме да се покажеме во вистинско светло и да одиграме максимално, без многу грешки и загубени топки.

Принципите што ги вежбавме неделава уште повеќе ќе придонесат за развој на нашата игра. Само ако го оставиме срцето на терен, тогаш можеме да се надеваме на успех и победа на овој исклучително важен натпревар за МЗТ Скопје“, заклучил плејмејкерот на „металците“. 

Мајк Кефи пред две кола беше прогласен за најкорисен играч во АБА-лигата, по феноменалната партија која ја пружа против тимот на ФМП. Американецот постигна 26 поени, три скока, шест асистенции и три украдени топки.