ВИДЕО: Мајами зададе нов удар, се врати од двоцифрена негатива и поведе со 2-0

Драгиќ

Кошаркарите на Мајами Хит продолжија со одличните настапи во овогодишниот плеј-оф и победија и на втората средба против Бостон Селтикс во конференциското финале на Истокот (106-101).

„Жешките“ од Флорида анулираа двоцифрена негатива и блеснаа во третиот период кој го добија со убедливи 37-17.

Тоа беа минутите кои го одлучија победникот на втората средба. Селтикси имаа шанса за израмнување во завршницата, но не ја искористија, па сега ќе мора да бркаат 0-2 во обид да стигнат до ново НБА финале.

  • Извештај од натпреварот: 

Како и во текот на цело доигрување, првата петорка на Мајами одигра на високо ниво и запиша двоцифрен учинок. Најефикасен меѓу нив беше Горан Драгиќ со 25 поени, а Бам Адебајо се надоврза со 21 поен, десет скока и четири асистенции.

Кемба Вокер заврши со 23 поени кај тимот на Бред Стивенс, а по 21 постигнаа Џејлен Браун и Џејсон Татум.

Денес на програмата е првиот натпревар од западното финале, во кое Лос Анџелес Лејкерс ќе го предизвика Денвер Нагетс.