Мајами верува во себе: Веќе резервирале авионски билети за Денвер

Мајами Хит си дозволи да испушти предност од 3-0 во финалето на источната конференција во НБА лигата против Бостон Селтикс. Сега, пред тимот од Флорида е тешка задача на гости во „ТД Гарден“ во мајсторката.

Сепак, интересни информации споделија медиумите во Соединетите Американски Држави. Имено, челниците на клубот веруваат до толку во својата екипа, па веќе си резервирале билети за лет кон Денвер. 

Иако тимот на Ерик Сполстра е во незгоден моментум, загуби три натпревари во низа и со сигурност самодовербата е разнишана, веќе се размислува за финалната серија. Разигрувањето за трофејот ќе тргне во Колорадо ноќта меѓу први и втори мај. 

Последниот и одлучувачки натпревар меѓу Бостон и Мајами се игра ноќва во 02:30 часот.